153
Марко Асенсио
вели дека примарна цел во моментов му е да остане во Реал Мадрид и да продолжи
со освојувањето на трофеи со тој клуб, но, признава а воедно и гарантира дека
не знае што ќе се случи во неговата кариера во иднина.
„Мојата прва
опција е секогаш да победувам и да подигнувам трофеи со Реал Мадрид. Потоа,
никогаш не знаете што ќе се случи“ издвои Асенсио.
„Реал Мадрид е
најуспешниот клуб во светот, на самиот старт треба да имате во предвид дека
морате да бидете подготвени да дадете максимум за тој дрес, поминаа две многу
добри години во овој клуб, се надевам дека ќе бидам се’ подобар и подобар во иднина“ додаде офанзивецот.