Асенсио е херој, а Астон Вила прв четвртфиналист во ФА Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила стигна до победа во осминафиналето на ФА Купот со победата над Кардиф од 2-0.

Тимот на Унаи Емери се мачеше да го скрши отпорот на гостинската екипа на „Вила Парк“ во првиот дел. Сепак, во вториот стигна до два погодоци и двата беа дело на Марко Асенсио.

Шпанската ѕвезда на тимот од Бирмингем погодуваше во 68. и 80. минута за двојна предност и победа над Кардиф.

Ривалот во четвртфиналето Астон Вила ќе го дознае по ждрепка, а засега тие се единствен тим меѓу осумте најдобри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани