121
По поразот од Бетис на Сантијаго Бернабеу, Серхио Рамос обвини дека тие не добиваат ист третман како Барселона.
„Не ме изненадува тоа што не ни свират пенали како на Барселона. Секогаш е покомлицирано да му се додели пенал на Реал отколку на било кој друг клуб“ – изјави дефанзивецот.
На изјавите од капитенот на Реал сега се надоврза и АС, мадрдискиот весник објави една неверојатна статистика.
Во последните две сезони и овие пет натпревари од новата, само еден пенал е свирнат против Барса. Додека пак во корист на „Каталонците“ биле досудени дури 30 пенали.
Во истиот овој период, во корист на Реал Мадрид биле досудени 17 пенали, и девет против „Кралевите“.