Јуни Калафат, или
Андре Кари, еден од овие двајца речиси сигурно е дека ќе издејствува да ја
добие најголемата трансфер битка ова лето. Обајцата веќе постојано се
споменуваат низ медиумите, а Барселона и Реал Мадрид влегуваат во финалната
битка за потписот на Нејмар.
Калафат е на чело
на интернационалниот фудбал во Реал Мадрид и работи близу извршниот директор на клубот, Хозе Анхел
Санчез, од друга страна пак, Кари е првиот човек на Барса за Бразил и тој се
здоби со голема репутација откако спречи Нејмар да се приклучи на Реал Мадрид
во 2011. година, на бараање на поранешниот прв човек на Барселона, Сандро
Росел, а тој ја исполни мисијата успешно.
Во Мадрид од поодамна
се во потрага по голем бразилски талент откако го загубија Нејмар, изминатите
години издејствуваа да стигнат до потписот на Винисиус и Родриго, платија
големи суми, меѓутоа останува дилемата дали се задоволни со тоа.
Денес, Калафат е во
Париз во потрага по финализирање на трансферот на Нејмар, предност за него е
тоа што Реал Мадрид може да исполни секое барање на ПСЖ, а се работи се парично
барање, или во однос на фудбалери, пишува „АС“.
„АС“ додава дека
ПСЖ постојано ја одбива Барселона, а дополнителен фактор дека Барселона е зад
Реал Мадрид во трката наводно е тоа што Каталонците немаат средства за да го
реализираат враќањето на Бразилецот на „Камп Ноу“, па токму затоа досега се
обидоа со позајмица и нудење останати фудбалери во пакетот понуди.
Истиот медиум
тврди дека постои растечко расположение дека трансферот на Нејмар ќе се
комплетира во периодот што претстои и Бразилецот дури би можел да биде
презентиран на „Сантијаго Бернабеу“ идната седмица, за што имало голема желба во таборот на шпанскиот гигант.
Наредните часа се
доста важни за Кари и Барса, тие мораат да пронајдат начин за да ги одблокираат
преговорите со ПСЖ, ако се земат во предвид тврдењата на „АС“ дека „Кралевите“
во моментов се во пол позиција.