Според пишувањата
на АС, се вели дека фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, сериозно
ја разгледува опцијата наречена Манчестер Сити, која би можела да се оствари
идното лето, а веројатно дека е можно да се случи уште во јануарскиот преоден
рок.
Медиумот тврди
дека шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Пеп Гвардиола, силно го
посакува Иско во својот тим, а се вели дека самиот Иско нема ништо против за да
се реализира ова идеја и да соработува со Гвардиола.
Шпанскиот
репрезентативец не е во преден план кај новиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго
Солари, за момент имаше и судир со навивачите на гигантот, а извесно е дека тој
е на излезна врата од клубот.
АС пишува дека
Иско притоа ќе мора да се повлече и поради најавите за трансфер на Еден Азар во
Реал Мадрид, трансфер кој доколку се оствари, сигурно ќе ја затвори можноста за
докажување на Иско во иднина во дресот на Реал Мадрид.