56
Јасно е дека Барди ќе си замине ова лето од Леванте. А „АС“ тврди дека Алмерија е силно заинтересирана за македонскиот репрезентативец.
Барди и Леванте имаат постигнато договор за негово заминување доколку пристигне соодветна понуда за него.
Цената на Барди е околу 10 милиони евра, сума која му е потребна на Леванте за да ја пополни финансиската дупка која ја има.
Останува да се види дали Алмерија е подготвена да ја плати сумата која ја бара Леванте за Барди.