Легендарниот Артуро Видал и неколку фудбалери од Коло Коло се обвинети за сексуален напад, инцидентот се случил на една забава во ноќен клуб во Сантијаго.
Фудбалери на Коло Коло, помеѓу кои и Артуро Видал се обвинети за сексуален напад.
Инцидентот се случил на една забава во ноќен клуб во Сантијаго, каде играчите на Коло Коло ја славеле победата над Депортес Икике, како и родендените на Лукас Сепеда и Висенто Пизаро.
Ситуаицијата е комплицирана со оглед на тоа дека девојката не доставила пријава, тоа го сторила друга особа,се верува дека станува збор за нејзината сестра.
Полицијата разговарала со сите во ноќниот клуб, а Артуро Видал завршил во полициска станица, но набрзо бил пуштен на слобода.
Од обвинителството ја охрабруваат жртвата да појде во болница со цел да бидат направени сите потребни тестови.
Полковникот Херардо Аравена – шеф на истрагата – прецизираше дека станува збор за „проверка на идентитетот како дел од првичните истраги“. Истраги што неговите придружници би ги извршиле на лице место. „Евидентирани се и најверојатно ќе бидат повикани да дадат изјави“, прецизираа од полициската управа.
Исто така од Чиле дојде глас во одбрана на Видал; друга девојка присутна на забавата уверувала дека фудбалерот „никогаш не ѝ пришол“ на жртвата. Истрагата продолжува.