Артета закрепнува од коронавирусот: Се чувствувам многу добро, симптомите сега се зад мене

by
1 минути читање

Предводникот на
Арсенал, Микел Артета тврди дека веќе закрепнува од коронавирусот откако за прв
пат во јавноста се одзва по тестот кој беше позитивен кај него во поглед на
коронавирусот.

Близу 100 членови
на Арсенал, вклучувајќи фудбалери од првиот тим, беа во самоизолација откако
Артета беше позитивен на тестот за Ковид-19, а проблемите најпрво почнаа со
мечот против Олимпијакос, каде сопственикот на грчкиот тим, Евангелос Маринакис
беше тестиран позитивен.

Се чувствувам
многу добро во моментов, чувствувам како да сум закрепнал, ми требаа три или
четири денови да почнам да се чувствувам многу добро, со многу енергија во
себе, да ги оставам симптомите зад себе, вистината е дека се чувствувам многу
добро во моментов
“ рече 37 годишниот фудбалски стратег на „Топчиите“.

Сесе случи многу брзо, во вторникот утрото
имав чудно чувство, бев на контрола, но докторот не беше таму, потоа добив
повик во кој ми беше посочено дека претседателот на Олимпијакос бил заболен од
коронавирус, а сите што биле во контакт се под ризик
“ додаде тој.

Јас веднаш им
посочив дека не се чувствувам добро, имавме фудбалери кои беа во контакт со
нив, а фактот што идниот ден имавме меч со Манчестер Сити значеше дека не
смееме да ставаме многу луѓе под ризик без да кажеме ништо за ова
“ посочи
Шпанецот.

Минатата среда
направив тест, бев дијагностициран во петокот кога ја известивме Премиерлигата
дека сум позитивен, процедурата налагаше сите кои беа во контакт со мене да
бидат во карантин, натпреварите мораа да се одложат
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×