Артета врти нов лист: Им кажав на играчите дека нема да ги судам по минатото

by
1 минути читање

Артета почна да работи со Арсенал, денеска имаше прес конференција по повод дуелот на Боксинг деј против Борнмут. Новиот стратег на топчиите сака да направи комплетен „рестарт“ и да почне од почеток.

Со мене фудбалерите се на чисто. Им кажав дека нема да бидат судени по тоа што се случувало во минатото, ниту негативно ниту позитивно“, вели Артета.

„Очекувам секој ден да бидат фокусирани на работата, доколку го прават тоа ќе добијат шанса да играат, доколку не, нема“.

Артета ќе го задржи Фреди Љумберг во стручниот штаб, вели дека тој може да му биде само од корист.

„Зборував со Фреди по мечот. Му ги кажав идеите и луѓето со кои сакам да го формирам стручниот штаб, и улогите и одговорностите што ги очекувам од нив“.

„Сакав да знам што мисли тој за тоа и кои се неговите очекувања. Зборувавме и донесовме одлука дека најдобро е тој да остане со нас“.

„Може да биде многу корисен. Ги знае фудбалерите, ја знае ситуацијата, ја знае историјата и неговото знаење за играта само може да ни помогне“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×