Aртета во проблеми: Пред дербито во Премиер лигата, се повредија двајца првотимици на Арсенал

by Стефан
1 минути читање
Артета има необични методи на работа

Екипата на Арсенал се најде во незавидна ситуација пред севернолондонското дерби, откако двајца од столбовите во одбраната би можеле да отпаднат за дуелот со Тотнем. Микел Артета се соочува со сериозни кадровски проблеми во дефанзивната линија веднаш по репрезентативната пауза, а првиот натпревар кој ги чека „топчиите“ е токму пресметката со големиот ривал.

Повредите на Рикардо Калафиори и Габриел предизвикаа загриженост во таборот на Арсенал. Италијанецот замина на подготовките со националниот тим, но мораше експресно да се врати во клубот.

„Калафиори го напушти тренинг кампот. Се обидовме со него, но имаше неколку проблеми. Можеби и можеше да игра, но тоа немаше да биде фер кон него и кон Арсенал“, објасни италијанскиот селектор, Џенаро Гатузо.

Додека Калафиори се надева дека ќе биде подготвен за големиот дуел, ситуацијата со Габриел е уште понеизвесна. Бразилецот заработи повреда на репрезентативен настап.

„Дали е лошо? Не знам. Медицинскиот персонал мора да го прегледа. Жал ми е поради ова, многу сме разочарани. Кога ќе се повреди играч, се надевате дека брзо ќе се опорави“, рече Анчелоти по мечот меѓу Бразил и Сенегал.

Двајцата дефанзивци беа стартери на сите натпревари на Арсенал во Премиер лигата сезонава, што го прави нивното можено отсуство уште поголем удар за Артета пред дербито.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×