Бујако Сака по подолга пауза поради повреда вчера се врати на теренот и даде гол во победата на Арсенал од 2-1 против Фулам.
Микел Артета ја потенцира прославата на Сака кој кога го даде голот отиде да им се заблагодари на докторите во тимот, оние кои се грижеа за неговата рехабилитација.
„Најдобар пример е реакцијата на Букајо Сака. Видовте ли што направи тој откако го даде голот? Тој отиде и им се заблагодари на луѓето од спортската наука и физиотерапевтите поради тоа што го направија тие за него“, вели Артета.