595
Во завршницата Микел Артета би можел да добие неочекувано заасилување. Имено, од Лондон пристигнуваат информации дека Германецот, Каи Хаверц е пред враќање на терените.
Хаверц заработи тешка повреда на задната ложа на почетокот на февруари и се мислеше дека за него сезоната е завршена, сепак сега пристигнуваат поинакви информации.
Имено, Хаверц наводно би можел да се врати на терените во финишот од сезоната во мај.
Нема дилеми дека неговото враќање би била одлична вест за Артета кој не може да смета на исто така повредениот Габриел Жесус.
Хаверц пред повредата беше еден од најдобрите фудбалери на Арсенал и на 34 натпревари успеа да постигне 15 голови, додавајќи пет асистенции.