Артетa со кратка и јасна порака за гласините кои велеа дека Обамејанг сака да си оди и побарал трансфер

by
1 минути читање

Изминатиов период
имаше многу гласини за иднината на Пјер Емерик Обамејанг, се говореше дека
напаѓачот сака да го напушти Емирати за да игра во Лигата на шампионите.
Наводно неговиот агент го известил раководството на Арсенал дека Габонецот нема
да стави потпис на нов договор, а самиот играч доставил официјално барање за
трансфер.

Коментар на
ваквите шпекулации денеска даде Микел Артета, новиот тренер на „топчиите“
порача дека нема шанси Пјер Емерик Обамејанг да замине во зимскиот преоден рок.

„Не размислувам
за можноста Оба да не напушти, сакам да остане тука“
– рече кратко и јасно
Шпанецот.

Претходно, самиот
фудбалер излезе со изјава и за Радио Монте Карло рече: „Медиумите од Англија обожаваат
да пишуваат се и сешто. Во моментов, 100% сум тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×