Артета смисли тактика за новото правило во Премиер лигата: Фудбалерите на Арсенал ја покажаа и на „Олд Трафорд“

by Стефан
1 минути читање

Навивачите на „Олд Трафорд“ во натпреварот од првото коло во Премиер лигата помеѓу Манчестер и Јунајтед забележаа една нова тактика на Микел Артета која „топџиите“ ја применуваат поради воведеното правило голманите да не смеат да ја држат топката во свој посед подолго од осум секунди.

Имено, фановие забележаа дека фудбалерите на Арсенал наизменично го блокираа голманот на Манчестер јунајтед, Алтај Бејиндир секогаш кога ја имаше топката во свој посед. На тој начин се обидуваа да го притиснат да ја задржи подолго и нивниот тим според правилата да добие корнер.

Ваквата тактика на Артета и не би требало да биде изненадување ако се знае дека Арсенал постигна 31 гол во Премиер лигата од корнер во минатата сезона, 11 повеќе од Ливерпул кој е зад нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×