Артета: Само преку мене мртов ќе се откажеме од најважниот трофеј предвреме!

by 24 фудбал
1 минути читање

Микел Артета не се откажува од идејата и борбата за трофејот во Премиер лигата, иако Арсенал сериозно заостанува зад водечкиот Ливерпул.

Делува дека трката за трофејот во Англија е решена, меѓутоа Шпанецот нагласи дека борба ќе има се додека постојат математички шанси за такво нешто.

Додека постојат математички шанси, Арсенал ќе се бори за титулата. Ако сака некој да се откаже порано тој не треба да биде дел од мојот тим. Пред нас е тешка мисија, ама не и недостижна. Само преку мене мртов може да се откажеме од трката за најважниот трофеј. Испуштивме шанси да бидеме поблизу до Ливерпул, ама и вака ќе се бориме до крај“, нагласи Артета.

Во моментов Арсенал има 53 бода и заостанува дури 11 зад водечкиот Ливерпул, но и натпревар повеќе на контото. До крајот на сезоната „топчиите“ ќе одиграат 12 меча, а „црвените“ 11 и треба да загубат барем трипати за тимот на Артета да се врати во трката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×