Артета: Реал Мадрид има право да зборува за камбек, но ние ќе зборуваме на теренот – таму е најважно!

by riste
1 минути читање

Вечерва Арсенал со предност од 3-0 ќе го почне натпреварот на Бернабеу против Реал Мадрид, топчиите имаа фантастичен резултат на кој треба да ја градат играта.

И покрај големата негатива, во Реал Мадрид владее оптимизам дека може да се стигне до полуфинале. Веруваат сите и фудбалерите и навивачите.

„Реал Мадрид зборува за камбек? Го разбираме тоа, тоа е дел од нивната историја. Тие можат да зборуваат за такви сценарија, но нашиот мајндсет е поинаков, нашата подготовка, нашите мисли е како да бидеме подобри од Мадрид во клучните аспекти од натпреварот“, вели Артета.

„Ајде да зборуваме на теренот, таму е најважно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани