Артета мора да „измисли“ играч кој ќе го замени неговиот џокер

by 24 фудбал
1 минути читање

Стручниот штаб на Арсенал е принуден да размислува за нови решенија во средниот ред, откако повредата на Микел Мерино сериозно ги искомплицира плановите на тимот за продолжението од сезоната.

Фудбалерот се повреди минатиот месец на дуелот со Манчестер јунајтед, каде што заработи скршеница на стапалото, а прогнозите не одат во прилог на негово брзо враќање. Лондонскиот клуб се обиде да реагира на трансфер пазарот, но не успеа да донесе соодветна замена пред затворањето на преодниот рок.

Поради ваквата ситуација, тренерот Микел Артета вниманието го насочи кон играчите од сопствениот ростер, а како најреална опција се наметна младиот Мајлс Луис Скели. Иако во сениорскиот тим најчесто се користи на позицијата лев бек, неговата природна улога е во средината на теренот.

Луис Скели изгради репутација во младинската школа на Арсенал како динамичен играч за врска, познат по продорите со топка и физичката доминација, а токму тие квалитети би можеле да му донесат поголема минутажа во првиот тим во периодот што следи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×