Артета ќе го убедува Обамејанг да остане, но шансите за успех не му се големи

by
1 минути читање

Обамејанг има уште 18 месеци од актуелниот договор со Арсенал, тој одбива да потпише нов договор, а ако остане таква ситуацијата клубот ќе мора да го продаде на лето ако не сака играчот да си замине како слободен во 2021 година.

Обамејанг е главна ѕвезда во овој тим на Арсенал, но му здодеа да чека раководството да направи конкурентен тим за големи титули.

Артета ќе го убедува дека работите ќе се променат под негово водство но прогнозите не одат во полза на Арсенал.

Напаѓачот е решен да го промени клубот и да отиде во средина каде што ќе може да се бори за трофеи.

Арсенал во моментов е дури на 12. позиција на табелата со 11 бодови заостанување зад четвртото место и има освоено неверојатни 31 бод помалку од лидерот Ливерпул а има и меч повеќе од црвените.

Проверете: БетАдриа бонус за Нова Година 2020

Можно е и ова да ти се допаѓа

×