„Артета има потрошено милијарда на засилувања а главно оружје му се корнери… тоа е смешно!“

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел упати сериозни замерки и критики на адреса на Микел Артета и Арсенал, вели дека тоа што „топчиите“ го прават при корнерите не е легално.

Џон Оби Микел не е фан на тактиката на Арсенал, смета дека клубот од Северен Лондон „мами“, а својот став уште еднаш го објасни во гостување на „Токспорт“.

„Да, точно е дека ние (Челси) го паркиравме автобусот, но победувавме легално“ – вели поранешниот играч на Челси.

„Кога гледам како игра сега Арсенал, па тие зависат од корнери и прекини“.

„Микел Артета има потрошено речиси една милијарда, и ми кажувате дека единствен начин на кој можете да победите е преку корнери? Па тоа е смешно!“

Запрашан да објасни зошто тактиката на Арсенал „не е легална“, Џон Оби Микел вели: „Според мене, тоа што го прават при прекини и корнери не е легално“.

„Како прво, тие го попречуваат голманот, а потоа почнуваат да ги држат противничките играчи, не им дозволуваат да скокнат“.

„Го гледав натпреварот против Челси пред некоја недела, Деклан Рајс го влечеше левиот бек, го држеше за да не може да скокне“.

„Како судијата не го гледа тоа? Дури и ако топката заврши во гол, како може ВАР да не го забележи тоа? Според мене, ПГМОЛ мора веднаш да го запре ова, во спротивно многу други тимови ќе почнат да го прават истото. И според мене, ова не е легално“.

„Затоа велам дека Арсенал се обидува со измама да стигне до титулата во Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×