Екипата на Арсенал би можела да се засили со фудбалер на Манчестер јунајтед во претстојниот јануарски преоден рок, откако Микел Артета сериозно го разгледува Коби Мејно како опција за средниот ред.
Според информациите на новинарот на „ЕСПН“, Марк Огден, талентираниот тинејџер веќе станал една од приоритетните мети на „топчиите“, кои во него гледаат потенцијална замена за капитенот Мартин Одегард.
Норвежанецот сезонава се мачи со повреди и досега стартуваше само на четири дуели во Премиер лигата и на уште еден натпревар во Лигата на шампионите, што го натера Артета да бара дополнителна сигурност во средината на теренот.
Токму поради тоа, стратегот на Арсенал сака играч на кој ќе може целосно да се потпре, а Мејно одлично се вклопува во тој профил, млад, технички поткован и подготвен да преземе дел од обврските во креирањето на играта.
Мејно сезонава има само 171 минута во дресот на Јунајтед, свесен дека предност има Бруно Фернандеш, па токму затоа и во летниот преоден рок се поврузваше со заминување.