Тренерот на Арсенал, Микел Артета на необичен начин сакал да ги мотивира своите играчи дека треба да бидат внимателни и подготвени во секој момент, па ангажирал професионални џепароши.
Микел Артета донесе големи промени на Емирати откако го превзеде кормилото од Унаи Емери во 2019 година. Ги врати „топчиите“ во Лигата на шампиони, и ги направи претенденти за титулата во Премиерлигата.
Шпанецот е омилен лик кај навивачите, играчите и вработените, а последните информации сигурно само ќе го подобрат неговиот статус.
Тренерот сакал да ги мотивира совите играчи дека треба да бидат внимателни и подготвени во секој момент, па целиот тим го договорил на ручек. Во исто време ангажирал професионални џепароши и им дал наредба да украдат што е можно повеќе мобилни телефони, паричници и клучеви од автомобили.
На крајот од ручекот, Микел Артета им кажал на своите фудбалери да ги проверат џебовите, и добар дел од нив пријавиле дека им недостасуваат вредни предмети.
Па Микел Артета со необични методи им одрлажл лекција на своите ѕвезди.