Артета има еден услов за да си ја задржи работата во Арсенал

by riste
1 минути читање
Артета има необични методи на работа

Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата, а беше најдобар и во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, но главниот дел од сезоната допрва доаѓа.

Дел од англиските медиуми пишуваат дека ова може да биде последна сезона за Микел Артета на клупата на Арсенал, за да си ја задржи работата клубот му дал еден услов.

Бордот на топчиите верува дека за Артета нема изговори оваа сезона. Откако беше поддржан на трансфер пазарот, очекувањата се јасни, најмалку титула во Премиер лигата.

Доколку Арсенал ја освои Премиер лигата, Артета ќе остане на кормилото, во спортивно ќе добие отказ.

Клубот смета дека стратегот сега ги има сите услови да биде шампион, доволно широк ростер со квалитетни играчи.

Во моментов Арсенал е на врвот на табелата со четири бода повеќе од Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×