Микел Артета наскоро се очекува да стане нов тренер на Арсенал. Тој веќе се договорил со топчиите, останува уште двата клуба да ги финализираат деталите, Манчестер Сити бара обесштетување од два милиони евра, па копјата се кршат околу тој момент.
Ова ќе биде прво тренерско искуство за Артета како самостоен стратег, а ситуацијата во Арсенал е таква да покрај со лошите резултати тој ќе треба да се справува и со незадоволните ѕвезди.
Според „Мирор“ најголем проблем ќе има со Обамејанг кој по секоја цена сака да си замине уште во јануарскиот преоден рок. Напѓачот има уште 18 месеци од актуелниот договор и Арсенал ќе мора да мисли на негова продажба доколку тој одбива да стави потпис на нов договор, во спротивно ризикува да го загуби за беспари.
Покрај Обамејанг, желба за напуштање на Арсенал има и од Лаказет кој исто така сака да игра во поконкурентен тим.
Првата цел на Артета ќе биде да го убеди актуелниот состав на Арсенал дека клубот има највисоки амбиции кои наскоро ќе бидат проследени и со резултати.
Откако ќе почне да владее со соблекувалната ќе треба да ја подобри играта и резултатите на тимот кои беа далеку од задоволително ниво во првиот дел од сезоната.