Иако ја доби и капитенската лента од Емери, навивачите на Арсенал сметаат дека Џака е еден од најлошите играчи во тимот и поради негови грешки се примени многу голови.
Артета вели дека е фан на Џака, тој бил на неговата листа за потенцијални засилувања во Манчестер Сити.
„Кога се префрлив од Арсенал во Сити за да почнам како тренер, баравме фудбалер на таа позиција, Џака беше еден од играчите на мојата листа“, вели Артета.
„Ете толку го сакам. Среќен сум кога тој потпиша за Арсенал бидејќи мислев дека ќе биде фантастичен фудбалер“.
„Тој направи некои навистина добри работи за Арсенал, а потоа заглави во многу тешка ситуација која мислам дека растеше, растеше и еден ден пукна“.
„Но воодушен сум од тоа како врската меѓу него и навивачите повторно се обновува, мислам дека фановите се многу, многу позитивни кон него и тој кон нив“.
„Јасно е дека е тешко комплетно да се промени сценариото, но мислам дека сме на вистинскиот пат со неговиот случај“.
„Зборував со него за инцидентот, му кажав колку ми се допаѓа и што очекувам од него. Колку е значаен за тимот“.
„Тука сум за да му помогнам, сакам да му кажам дека ние сме зад него, не само јас, туку целиот клуб“.