10
Раководството на Арсенал моментално има доверба кон Микел Артета, но англиските медиуми тврдат дека пред шпанскиот стратег е поставена јасна цел.
Од Шпанецот и тимот се бара барем еден трофеј до крајот на сезоната. Во спротивно, Артета може да си ги спакува куферите и да замине.
Лондонскиот тим е во пол позиција во Премиер лигата и сè уште е активен во Лигата на шампионите, каде што игра четвртфинале.
Сепак, проблематични беа Куп-поразите од Манчестер Сити во финалето на Карабао, како и елиминацијата од ФА Купот од Саутемптон.