Артета доби неочекувана поддршка од Руни: Ми се допаѓа, да сум на негово место, би го правел уште повеќе!

by bojan
1 минути читање
Артета

Вејн Руни смета дека нема ништо лошо во тактиката на Микел Артета и големиот број на погодоци од прекин, вели дека Арсенал дури и треба повеќе да заканува по противничкиот гол од вакви ситуации.

„Топчиите“ оваа сезона имаат дури 22 погодоци од прекини, од кои 16 се од корнер и ова е едно од главните оружја во битката за титулата.

Но во последно време Арсенал и Микел Артета добиваат доста критики, на едни им пречи тоа што пребавно се изведуваат прекините и со тоа се зголемува тензијата во шеснаесетникот, други пак замеруваат за тоа што има многу влечење, туркање и блокирање кое често е на работ на прекршок.

Сепак, за Вејн Руни нема ништо спорно, тој смета дека дури и повеќе треба да има вакви ситуации.

„Слушнав многу луѓе како зборуваат за Арсенал и начинот на кој тие играат, јас мислам дека се брилијантни“ – вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Фудбалот се игра на различни начини. Манчестер Сити имаше периоди кога беше неверојатен, исти и за мојот Манчестер јунајтед. Но Арсенал има добар микс, имаат различни стрелци, тешко се игра против нив, имаат доста натпревари без да примат гол… Всушност јас уживам кога ги гледам“.

„Прекините се дел од фудбалот, па зошто да не ги користат? Уфрлаат многу луѓе во шеснаесетникот, доколку противниците не се доволно паметни или немаат играчи што можат да се справат со тоа, зошто Арсенал би престанал да го прави тоа?“

„Да бев на местото на Микел Артета, јас би го правел тоа уште повеќе. Тоа е дел од играта и ми се допаѓа, Арсенал не треба да менува ништо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×