Артета: Дали се откажуваме од трката за титулата? Само преку мене мртов!

by riste
1 минути читање
Артета

Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека немаат намера да се откажат од трката за титулата во Премиер лигата иако Ливерпул ја зголеми предноста на врвот.

Ливерпул има 11 бодови повеќе од Арсенал, топчиите имаат натпревар помалку. Предноста е голема, многумина сметаат дека трката за титулата е завршена работа, но со тоа не се согласува Артета.

„Дали се предаваме? Само преку мене мртов. Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички уште е возможно“, вели Артета.

„Ако сакаме да ја освоиме Премиер лигата треба да направиме нешто посебно. Веројатно нешто што никој не го направил досега во историјата на Премиер лигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани