Артета: Да дојдеш и да победиш на „Олд Трафорд“ е стартен успех, а на Ѓокереш му треба време…

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал новата премиерлигашка сезона ја отвори триумфално на „Олд Трафорд“ со минимални 0-1 против Манчестер Јунајтед.

На овој натпревар официјално деби имаше Виктор Ѓокереш, големото засилување на Арсенал за нападот. Швеѓанецот беше стартер, иако можеби не беше подготвен за таква улога. Тој немаше вистински учинок во средбата и коментарите беа различни.

Ѓокереш направи доста добри нешта на теренот. Особено се одрази неговото присуство на нашиот висок пресинг-ритам во првиот дел, иако не беше се перфектно и ќе мора да работиме со него. Што се однесува до завршницата, тој немаше доволно шанси да се докаже. Во една ситуација имаше премногу простори, па се обиде да го искористи својот квалитет. Генерално, успех е да дојдеш на „Олд Трафорд“ на стартот на сезоната и да победиш“, изјави Артета.

На спротивната страна стартери беа Мбеумо и Куња, додека Шешко доби шанса од клупата во вториот дел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×