Поразот на Арсенал од Манчестер јунајтед (2-3) на „Емирати“ го активираше алармот во редовите на лондонскиот клуб, па тренерот Микел Артета побарал засилувања со цел тимот да остане конкурентен во битката за титулата во Премиер лигата.
Артета од раководството побарал дури три нови играчи, кои треба да бидат ангажирани до крајот на зимскиот преоден рок.
Прв на списокот е левиот бек Виктор Валдепенас од Реал Мадрид, кој би ја зацврстил дефанзивата, а неговата откупна клаузула изнесува 50 милиони евра. Арсенал се надева на засилување и во офанзивата, при што една од главните желби е Јаник Караско, кој би можел да пристигне на позајмица во Лондон.
Трето потенцијално засилување за Артета во јануари е фудбалерот за врска на Ал Хилал, Рубен Невеш, кој оваа сезона импресионира со осум голови на 22 натпревари.