Арсими убедливо загуби на првиот тест во Медулин

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалскиот клуб Арсими убедливо загуби на првиот зимски тест во хрватскиот град Медулин.

Новајлијата во ПМФЛ беше убедливо поразен од Вуковар со 4-0, иако на полувреме имаше негатива само од еден гол. Стрелци за хрватската екипа беа Пуљиќ, Бутиќ, Кулушиќ и Пајваниќ.

Арсими не успеа да му парира на ривалот кој се натпреварува во ХНЛ.

Во Медулин екипата на Арсими ќе се судри и со Славен Белупо на Илија Несторовски, додека последниот меч во Хрватска е закажан против Приморје од Словенија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×