Арсими со јасна цел, победа за идеален крај на полусезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Со дуелот Арсими – Пелистер што ќе се игра во Гостивар се спушта завесата на првиот дел од нашето фудбалско првенство. Пред важниот меч, фудбалерот на Арсими, Ринор Ајдини, ги изнесе очекувањата и апелот кон навивачите

Ајдини ја нагласи важноста на дуелот и мотивот во редовите на Арсими:

„Овој натпревар е исклучително важен за нас. Сме во позитивен момент по победите над Шкендија и пред неколку дена против Силекс во Кратово, но тие победи добијат целосна вредност само ако успееме да славиме на овој натпревар. Мора да влеземе концентрирани и без потценување, затоа што Пелистер знае да биде опасен”.

Тој додаде дека тимот сака да ја затвори полусезоната на најдобар можен начин.

Нашата цел е јасна, да ja завршиме полусезоната со победа. Работевме многу и веруваме во нашите сили. Се надеваме дека навивачите ќе бидат со нас, затоа што нивната поддршка ни дава дополнителна енергија”, изјави Ајдини.

Натпреварот од 16-то коло меѓу Арсими и Пелистер ќе се одигра  со почеток во 13:00 часот на градскиот стадион во Гостивар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×