Арсими се извини за дебаклот од Вардар

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Арсими денеска во првиот натпревар од вториот дел од сезоната доживеа убедлив пораз од Вардар кој славеше со 5-1.

Доминираше Вардар од почетокот до крајот на натпреварот, можеа „црвено-црните“ да постигнат и некој гол повеќе, додека голот како за утеха гостите од Чегране го постигнаа од пенал во последните моменти од натпреварот.

Свесни дека доживеаја тежок пораз и одиграа лошо, луѓето во Арсими јавно се извинија на навивачите и ветија подобри настапи во продолжение од сезоната.

„Натпревар за заборав, се извинуваме за оваа игра. Ќе работиме напорно за да се вратиме посилни“, стои во објавата на Арсими на социјалните мрежи.

На табелата Арсими се наоѓа на шестата позиција со 22 бода, додека Вардар е лидер со 45.

Standings provided by Sofascore






Можно е и ова да ти се допаѓа

×