Арсими против Работнички сака да ја надгради победничката низа

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Арсими во добар ритам го дочекуваат Работнички на отворањето на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Пред натпреварот во Гостивар своите очекувања и краток коментар на викенд драмата со Тиквеш даде Ардијан Цуцули.

По победата против Тиквеш на гостински терен, напорно работевме и за овој натпревар во средината на неделата против екипата на Работнички. Нормално дека сме среќни што ја добивме средбата со Тиквеш, затоа што ги имавме нашите шанси и ги искористивме максимално. Тоа беше голем пресврт на резултатот и ја постигнавме нашата цел победата. Сега пред нас имаме противник како Работнички. Знаеме дека и тие не се во најдобра форма, но тоа не не интересира. Ние ќе излеземе на терен само со цел за победа. Сакаме да фатиме ритам на победи и да докажеме дека триумфот во Кавадарци не беше случајност”, изјави дефанзивецот на Арсими.

Од друга страна, во таборот на „романтичарите“ гледаат попретпазливо на средбата. Бразилскиот офанзивец Калани Алмеида призна дека тимот уште се мачи со формата и кажа:

Арсими покажа дека одлично се снаоѓа во елитното друштво, впрочем веќе освои 11 бода и забележа неколку резултати за почит. Од друга страна, ние сѐ уште резултатски се мачиме и мислам дека засега игрите се подобри од резултатите. Се надевам дека на денешниот меч против Арсими конечно ќе одиграме квалитетно на гостувањата и дека ќе успееме да ги освоиме бодовите“.

Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Гостивар се игра во терминот од 13:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×