36
Фудбалерот од Уганда, кој е член на Вардар, Фахад Бајо до крајот на сезоната ќе го носи жолто-црниот дрес на Арсими.
„Арсими со задоволство го претставува најновото засилување во офанзивниот дел на тимот, Фахад Бајо, напаѓач со меѓународно искуство и одличен голгетерски инстикт“, се вели во соопштението на гостиварскиот клуб.
Бајо е репрезентативец на Уганда кој има одиграно 25 меча за својата земја и постигнато шест голови.
Во текот на својата кариера, тој играл за клубови како: Пролајн ФК, Билдкон ФК, Вајперс СЦ, ФК Ашдод, Бнеи Сахнин, МФК Вишков.
Бајо во Арсими ќе остане до крајот на сезоната каде ќе игра на позајмица од Вардар.