Арсенал загуби важна алка пред најважниот дел од сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал се соочи со проблем во најважниот дел од сезоната. Лондонскиот тим остана без Еберечи Езе, кој се повреди и ќе мора да паузира подолг период.

Проблемот е во листот, а првичните проценки не се оптимистички. Според најавите од Англија, офанзивецот нема да биде во комбинација најмалку четири недели, со можност паузата да се продолжи и до месец и половина. Во клубот ќе одат внимателно со неговото закрепнување, па нема да се брза со враќањето на терен. Следните денови ќе бидат клучни за попрецизна прогноза, откако ќе се направат дополнителни тестирања.

Ова доаѓа во незгоден момент за Арсенал кој влегува во серија натпревари со големо значење, па стручниот штаб ќе мора да пронајде нови решенија во нападот без еден од важните адути.

„Топчиите“ ја загубија првата битка за трофејот во Карабао купот, ама продолжуваат во борба на три фронта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×