315
Арсенал денеска го играше својот меч од Лига Европа, гостуваше во Португалија кај Виторија Гимараеш.
Мечот долго време беше без голови, резултатот беше отворен во 81. минута кога Мустафи погоди со глава за водство на Арсенал од 1-0.
Кога се чинеше дека топчиите ќе дојдат до победа, Дуарте погоди во 91. минута и ги постави конечните 1-1.