Екипата на Арсенал во последните моменти од преодниот рок имала обид да се засили со фудбалер на Баерн Минхен, но тој обид поминал неуспешно.
Како што откриваат германските медиуми, Арсенал на крајот на јануари се обратил до Леон Горецка, но Германецот се заблагодарил и одлучил да остане во Минхен.
Баерн, пак, непосредно пред крајот на преодниот рок потврди дека на лето ќе се раздели со искусниот среден играч.
Горецка во јануари беше голема желба и на Атлетико Мадрид и на Тотнем, а имаше и понуди од овие клубови, но одлучи да остане до лето и тогаш како слободен играч да го избере својот следен клуб.
Дури ни повикот на Арсенал, кој во последниот момент сакаше да најде замена за Микел Мерино, кој ќе паузира неколку месеци, не успеа да го промени неговото решение.
Горецка за Баерн одигра 292 натпревари, постигна 47 гола и забележа 48 асистенции, освојувајќи ги сите можни трофеи.