Арсенал во јануари се разделува со Озил, тој се сели во Милано?

by
1 минути читање

Медиумите на Островот на големо пишуваат дека германскиот
репрезентативец Месут Озил би можел да си замине од Арсенал уште во јануари, а
голем интерес за неговите услуги пријавува калчолигашот Интер од Милано.

Познато е дека нема никакво расположение кај Месут Озил
за продолжување на соработката со Арсенал, неговиот актуелен важечки договор
истекува идното лето, а клубот за да не остане без никакво обештетување, ќе
мора да го продаде во зимскиот преоден рок, во спротивно тој во летниот преоден
рок ќе може да си замине како слободен играч.

Од тоа што е познато, во преговорите помеѓу Арсенал и
Озил, Германецот со турско потекло барал неделна плата од околу 350,000 фунти,
а тимот од Лондон му понудил на маса нов договор со неделна плата од околу
275,000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани