Кардиф и Арсенал одиграа возбудлив натпревар со пет голови по кој на крајот се радуваше тимот од Северен Лондон.
По лошиот старт на сезоната, Арсенал врза две победи со кои полека се зголемува самодовербата кај тимот на Унаи Емери.
Денешниот меч беше отворен во 11. минута кога по асистенција на Џака од корнер, Мустафи со глава погоди за водство на Арсенал од 1-0.
Пред самиот крај на првиот дел, Камараса го изедначи резултатот на 1-1.
Во второто полувреме Арсенал тргна кон нов погодок, тоа го доби во 62. минута кога Обамејанг биеше од далечина за водство од 2-1.
Осум минути подоцна Кардиф повторно изедначува, Вард со глава од околу 11 метри ја смести топката зад грбот на Чех.
Но во 81. минута уште еден гол на Арсенал, овој пат Лаказет ја заби топката во мрежата на Кардиф за победа на топчиите од 3-2.