231
Арсенал е друг тим кога игра на гостински терен, тоа се покажа и денеска на Гудисон Парк каде топчиите изгледаа немоќно.
Евертон победи сол гол на Фил Јагиелка уште во десетата минута од натпреварот.
Во продолжението од мечот Евертон имаа уште неколку убави шанси, особено во второто полувреме но не ги искористија.
На спротивната страна Арсенал речиси и да не создаде шанса за гол, Пикфорд воопшто немаше работа.
И покрај поразот Арсенал останува на четвртото место со ист број на бодови како и Челси но подобра гол разлика.