123
Арсенал одигра 1-1 на гостувањето кај Баер Леверкузен благодарение на крајно сомнителен пенал кој го добија во финишот од натпреварот.
Леверкузен дојде во водство на самиот почеток од второто полувреме со гол на Андрихт.
Се чинеше дека ќе го добијат мечот, но во финишот од натпреварот Мадуеке одглуми пенал, а судијата покажа на белата точка.
Arsenal fans be sincere is this even a penalty ???👀 pic.twitter.com/Nj0hB27QBK
— Remy (@BRE_remy) March 11, 2026
Сигурен реализатор во 89. минута на најстрогата казна беше Каи Хаверц за конечен резултат 1-1.