Арсенал и оваа сезона ќе извиси за титулата во Премиер лигата, бидејќи веќе има 15 бода дефицит зад лидерот Ливерпул пред завршната етапа од сезоната.
„Топчиите“ за налето подготвуваат реконструкција на тимот, поточно засилувања во деловите од тимот каде што тоа недостигаат играчи. Според информациите од Англија, клубот е подготвен да потроши 360 милиони евра за нови засилувања.
На позицијата спортски директор седнува Андреа Берта кој го креира овој тим на Атлетико Мадрид. Во неговиот прв преоден рок постојат повеќе желби за нови засилувања.
Наводно Арсенал е заинтересиран за Лерој Сане од Баерн Минхен, Бруно Гимараеш од Њукасл, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, а се бара и идеално решение за нападот. За овие мети се очекува управата да има 360 милиони евра на располагање.