428
Арсенал минимално го совлада Ипсвич со 1-0 во последниот меч од 18. коло на Премиер лигата.
Добро отворија домашните фудбалери на „Емирати“, притискаа и се обидуваа да дојдат до шанси. Одбраната на гостите капитулира во 23. минута со погодокот на Каи Хаверц по асистенција од Тросар.
Имаше Арсенал поништен гол на Жезус, а во продолжението имаше и други шанси за да ја удвои предноста. Сепак, Ипсвич се одбрани и на крајот притисна, ама резултатски промени немаше.
Арсенал ја заврши годината со натпревари, бидејќи својот меч од 19. рунда го игра на 1 јануари. Момците на Артета стигнаа до втората позиција, надминувајќи ги Челси и Нотингем Форест.