Овој викенд ќе заврши сезоната во Премиерлигата, на врвот и на дното се е јасно.
Челси е шампион, а во понизок ранг се селат Сандерленд, Мидлзбро и Хал.
Останува само уште да се дефинира списокот на екипи кои ќе изборат настап во Лигата на шампионите.
За две места аспирираат три гиганти: Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.
Откако вчера славеа над ВБА, „Граѓаните“ во последното коло влегуваат како трети на табелата.
Со победа на гостувањето кај Ватфорд, Манчестер Сити ќе го задржи ова место и ќе игра директно во групната фаза од Лигата на шампионите.
Со реми, избраниците на Пеп Гвардиола би можеле да завршат како четврти доколку Ливерпул освои три бода.
Пораз ја отвара вратата Арсенал да се протне до топ четири пласман доколку „Топчиите“ забележат висока победа.
Ливерпул е на четвртата позиција и со победа над Мидлзбро, избраниците на Јирген Клоп ќе обезбедат настап во Лигата на шампионите.
„Црвените“ и со реми и пораз можат да останат во топ четири, но во тој случај ќе мора да се надеваат дека Арсенал ќе загуби од Евертон.
Постои и можност Ливерпул и Арсенал да играат плеј-оф натпревар на неутрален терен доколку Ливерпул загуби од Мидлзбро со 0-2 а Арсенал одигра 1-1 со Евертон.
И покрај тоа што сврзаа четири победи во низа, „Топчиите“ се во најлоша ситуација.
Арсенал мора да го победи Евертон и да чека кикс на ривалите – односно пораз на Манчестер Сити и реми или пораз на Ливерпул.
Клубот од Северен Лондон би можел и со реми да се пласираат во топ четири, но само доколку Ливерпул загуби.