Арсенал сериозно се засилува, доаѓаат ли подобри денови за „топчиите“?

by
1 минути читање

Арсенал одамна немал преоден рок во кој ќе успее да донесе две фудбалски ѕвезди, големи се шансите тоа да биде сега со оглед на тоа дека силни се шпекулациите за потпис со Лаказет и Марез.

Претседателот на Лион потврди дека Лаказет ќе потпише за Арсенал, во наредните денови се очекува сите формалности да бидат средени и фудбалерот да биде промовиран во ново засилување.

Италијанскиот „Калчомеркато“, пишува дека Арсенал веќе го договорил и трансферот на Ријад Марез кој исто така во наредните денови треба и официјално да биде објавен.

Доколку ваквите информации се остварат, Арсенал веќе ќе го има најдобриот преоден рок во последно време, но Венгер нема да застане на овие двајца фудбалери.

Гласините велат дека Французинот се интересира и за двајца играчи на Спортинг Лисабон, Гелсон Мартинс и Вилијам Карваљо. Португалските медиуми пишуваат дека вкупната сума за овие играчи би изнесувала 70 милиони фунти.

Арсенал минатата сезона ја заврши на петтото место и за прв пат под водство на Венгер не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, францускиот стратег веројатно сфати дека треба сериозно да го засили тимот за да може да биде конкурентен за најголемите титули.

Покрај ангажирањето на новите засилувања, важна мисија на Арсенал ќе биде и да успее да ги задржи главните ѕвезди во тимот, Месут Озил и Алексис Санчез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани