Арсенал седми натпревар по ред не знае за победа, пораз од Ајнтрахт на Емирати (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кризата на Арсенал постојано се продлабочува, вечерва беа поразени од Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа иако водеа по првиот дел.

Во првото полувреме Арсенал беше солиден, создаде повеќе шанси и со гол на Обамејанг во судиското продолжение поведе со 1-0.

Но во вториот дел се сменија работите, Ајнтрахт преку Камада даде два гола, направи комплетен пресврт и ги освои трите бода од Емирати.

Овој пораз дополнително го разниша столчето на Унаи Емери кој наскоро се очекува дека ќе добие отказ.

Резултати од мечевите кои почнаа од 21 часот:

Арсенал – Ајнтрахт 1:2

Селтик – Рен 3:1

Дуделанж – АПОЕЛ 0:2

Гимараеш – Стандард 1:1

Лацио – Клуж 1:0

Лугано – ФК Копенхаген 0:1

Малме – Динамо Киев 4:3

Розенборг – Ласк 1:2

Севиља – Карабаг 2:0

Спортинг Лисабон – ПСВ 4:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×