Летниот преоден
рок веќе заврши, а сега имаме можност да дознаеме нешто повеќе за тоа што се
случувало во тој период за трансфери, според информациите кои пристигнуваат, се
вели дека Арсенал имал обиди да го ангажира младиот Бразилец од редовите на
Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Бразилски „УОЛ“
пренесува дека техничкиот директор на Премиерлигашот, Еду направил таков обид
за да издејствува клубот да го добие потписот на неговиот сонародник, меѓутоа
пристигнал негативен одговор од страна на Реал Мадрид.
Еду се
распрашувал околу таа можност, меѓутоа јасно му било посочено од другата страна
дека 19 годишниот офанзивец не е за продажба, а не е познато дали отпосле
паднал некаков компромис за Дани Себалјос.
Себалјос токму од
Реал Мадрид потпиша за Арсенал како позајмен фудбалер со опција за целосен
откуп на неговиот договор, Шпанецот веќе почна да се докажува во Премиерлигата
на високо ниво, а освен него, „Топчиите“ летово ги ангажираа уште и Давид Луиз,
Кјеран Тирни и Николас Пепе со чиј трансфер беше срушен клупскиот рекорд на
тимот од Лондон.
Што се однесува
пак до Винисиус, тој наводно бил понуден на ПСЖ како дел од потенцијалната
зделка за Нејмар, меѓутоа „Марка“ тврди дека францускиот првак посакувал кеш во
понудата, како и Винисиус Жуниор и Лука Модриќ во пакет.