Арсенал руши рекорди за да го задржи Санчез

by
1 минути читање

Чилеанецот е
обврзан кон „Топчиите“ до 30. јуни 2018 и често се говори дека летоска тој ќе
замине од Емирати Стадионот.

Од таборот на
Арсенал велат дека преговорите се одложени за по крајот на сезоната и веруваат
дека Алексис Санчез сака да остане.

Според пишувањата
на Стандард, Арсенал ќе го одврзе ќесето во одби да ја задржи својата најголема
ѕвезда.

Весникот пишува дека „Топчиите“ се спремни да го направат Алексис Санчез
најплатениот играч во Премиерлигата и ќе му понудат неделна плата од 300.000
фунти.

Останува да се види дали оваа мултимилонска понуда ќе биде доволно за Алексис
Санчез да ја продолжи верноста, со оглед на тоа дека постојат реални шанси
„Топчиите“ следната сезона да не играат во Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани