Арсенал прави терен за мега трансфер, тргнува по еден од најдобрите млади фудбалери!

by riste
0 минути читање

Информациите од Англија велат дека Арсенал веќе почнал да работи на засилувања за идната сезона, а прв на листата е фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз.

Иако има само 20-години, Јилдиз се промовираше во најдобар играч на Јувентус, тој има и најголема пазарна вредност во италијанскиот гигант.

Претставници на Арсенал биле во Торино на средба со агентот на Жорге Мендеш и разговарале за евентуален трансфер на Јилдиз.

Се проценува дека вредноста на Јилдиз е околу 85 милиони фунти, тоа е сумата која ќе треба да ја плати Арсенал за да го добие Турчинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×