Според
информациите кои ги во јавноста ги пласираат британските медиуми, се вели дека
премиерлигашот од Лондон, екипата на Арсенал повеќе не е заинтересирана да води
битка за потписот на младиот и талентиран напаѓач на Монако, 18 годишниот
Килијан Мбапе.
Сепак,
францускиот стратег од клупата на Арсенал, Арсен Венгер наводно во следниот
период целосно ќе се фокусира кон двајцата негови сонародници, напаѓачот на
Лион, Алехандре Лаказет и фудбалерот од средниот ред на Монако, Томас Лемар.
Лион бара преку
50 милиони евра за Лаказет, додека пак Монако ја одби понудата од Арсенал за
Лемар која изнесуваше 35 милиони евра, ставајќи јасно дознаење дека нивниот
фудбалер вреди многу повеќе. Неофицијалните информации кои пристигнуваат велат
дека францускиот првак би се задоволил со 45 милиони евра.